• петок, 27 декември 2024

Општина Пехчево се вклучува во еко-акцијата „Генералка викенд“

Општина Пехчево се вклучува во еко-акцијата „Генералка викенд“

Пехчево, 14 мај 2024 (МИА) - Општина Пехчево се вклучува во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2024.

Како што информираше градоначалникот на Општината, Александар Китански, во акцијата в сабота ќе учествуваат вработените во ЕЛС на Општина Пехчево, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Општинското основно  училиште ,,Ванчо Китанов"  и ученици од Пехчево кои учат во гимназијата „Ацо Русковски“ во Берово. 

-Акцијата ќе почне во 9 часот, а ќе се чисти на неколку локации на територија на град Пехчево и населените места. Акцијата има за цел сите да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна Китански.

Апелираше на масовно учество на граѓаните.

-Почитувани граѓани, Ве повикуваме да земете учество на Генералка викендот  каде што ќе покажеме грижа за градот и неговата чистота. На оваа акција може да ни се приклучат сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, општествено одговорни компании и јавни институции. Да дадеме сите заедно масовна поддршка на оваа акција, и заеднички да ја подигнеме свеста за зачувување на чиста и здрава животна средина, истакна Китански во повикот. 

Почетокот на акцијата е на 18 мај во 9:00 часот, зборното место е на плоштадот „Св.Петар и Павле“ во Пехчево. вс/хс/

Фото: Генералка викенд

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан