• четврток, 26 декември 2024

Општина Пехчево потпиша договор за соработка и подршка во управувањето со посебни текови на отпад

Општина Пехчево потпиша договор за соработка и подршка во управувањето со посебни текови на отпад

Пехчево, 5 април 2024 (МИА) - Општина Пехчево застапувана од нејзиниот градоначалник Александар Китански и Друштвото за управување со отпадна електрична и електронска опрема Елколект ДОО склучија договор за соработка и подршка во управувањето со посебни текови на отпад. 

Со реализација на активноста како што информираше Китански, граѓаните на Општина Пехчево ќе може да го одлагаат електричниот и електронскиот отпад.

-Кога мислиме на електричен и електронски отпад се мисли на компјутер, пегла, бокал за вода, блендер, телевизор, фен, електрични шпорети, бормашини, фрижидер и др. Овој вид на отпд ќе може да се одложи во кругот на Јавното комунално препријатие ,,Комуналец” - Пехчево каде ќе биде поставен Собирен центар, истакна Китански.

Од Општината апелираа граѓаните да се приклучат на иницијативата за одложување на електричниот и електронски отпад и отпадните батерии.

-Овој вид на отпад делува како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и квалитетот на животна средина, додадоа од Општината.

Од инфраструктурата која ќе биде поставена за одлагање на електронскиот и електричен отпад од Општината напоменаа дека ќе бидат поставени контејнери како и метални корпи кои ќе бидат радпоредени како во градот Пехчево така и во селата Робово, Црник и Чифлик. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан