• четврток, 26 декември 2024

Општина Охрид почна со одбележување на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври

Општина Охрид почна со одбележување на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври
Охрид, 21 октомври 2022 (МИА) - Со пригодна свеченост и културно уметничка програма Општина Охрид денеска во Спомен домот на Христо Узунов ги почна активностите за одбележување на Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври. Потсетувајќи се на револуционерите, кои го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ, советникот од Советот на Општина Охрид Наум Јамандиев, посочи дека Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, со јасна мисла, без доволно стратегија, но со нескриен жар и огромна верба, се заложиле за слободна Македонија. - Со прогласувањето на независноста, сеништата на минатото не престанаа да се надвиснуваат над нашата Македонија. Во сите овие 31 година независнот, Македонија и Македонците продолжија да се соочуваат со бројни тешкотии во остварувањето на своите национални и човечки идеали, рече Јамандиев. Изрази уверување дека, како што посочи, кодот на Македонецот, да прости, да трпи, да се бори и да гради, одново и одново, е доволно силен, за ние како генерација да ги пребродиме сите предизвици, за извесна и просперитетна иднина. Во рамки на одбележување на Денот на македонската револуционерна борба, в понеделник ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјата на великаните во Градскиот парк. сс/цр

Остани поврзан