• недела, 06 октомври 2024

Општина Ново Село ќе гради канализациски систем во село Сушица

Општина Ново Село ќе гради канализациски систем во село Сушица
Струмица, 14 јануари 2021 (МИА) -Со средства во износ од 660 илјади евра, обезбедени од Владата преку „ТАВ Македонија“, Општина Ново Село ќе почне изградба на фекален канализациски систем во селото Сушица. Како што информираат од локалната самоуправа, веќе се почнати подготвителните работи и избор на економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи. -Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност на сите домаќинства и институции во ова село. Изградбата на фекален канализациски систем во Сушица, покрај изградбата на водоводната мрежа, ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој, додаваат во информацијата од Општината. Покрај изградбата на канализациски систем во селото Сушица, Општина Ново Село очекува во наредните месеци да се обезбедат средства за реализирање на инфрастурктурни проекти и во други населени места. рт/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан