• среда, 25 декември 2024

Општина Новаци обезбеди оброк за сите ученици во основното образование

Општина Новаци обезбеди оброк за сите ученици во основното образование

Новаци, 2 септември 2024 (МИА) - Општина Новаци и оваа година обезбеди по 10. 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во општината.

На првиот ден од новата учебна година, градоначалникот Стевче Стевановски најави дека наскоро ќе набават таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини.

-Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во училиштата. Во училиштата има нови санитарни јазли, реновирани се училниците и ходниците, а набавени се смарт табли, телевизори и нагледни средства, истакна Стевановски.

Новата учебна година во Општина Новаци ја почнаа 166 ученци, од нив 11 првачиња. мт/сст/
Фото: МИА
 

Остани поврзан