• недела, 28 јули 2024

Општина Неготино субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети 

Општина Неготино субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети 

Неготино, 28 април 2023 (МИА) - Општина Неготино денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците, за купување велосипеди/електрични тротинети за 2023 година. 

- Петта година по ред Локална самоуправа Неготино,  со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и електрични тротинети и намалување на бројот на возила што се движат низ градот, на граѓаните коишто ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавувањето на овој повик, а најдоцна до 31 мај 2023 година, ќе им надомести дел од трошоците, информираа од Локалната самоуправа. 

Средствата што општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице, 50 проценти за електричен тротинет, но не повеќе од 6.000 денари, со платен персонален данок на доход, а за набавка на адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност, субвенцијата е 50 отсто од вредноста, но не повеќе од 15.000 денари по лице. свд/цр


Фото : МИА 

Остани поврзан