• недела, 01 септември 2024

Општина Неготино обезбеди нови контејнери за селектиран отпад

Општина Неготино обезбеди нови контејнери за селектиран отпад

Неготино, 23 август 2024 (МИА) - Општина Неготино обезбеди нови контејнери за селектирање отпад, соопшти денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов на Фејсбук.

-Врз основа на програмата за финансирање на управување со отпад на Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Неготино обезбеди 58 нови контејнери за селектирање отпад, што ќе бидат ставени на располагање на ЈП Комуналец, пишува во објавата.

Се додава дека садовите за отпад ќе се постават на подрачјето на градот и во сите населени места во општината.

-Контејнерите наменети за одделно собирање отпад според видот и карактеристиките за селекција ќе бидат одбележани со соодветна боја и на истите ќе има јасна ознака за видот на отпадот за што се наменети, се појаснува во објавата.

Како што е најавено, контејнерите за селекција на отпад ќе бидат поставени на локации во непосредна близина на контејнерите за измешан комунален отпад. свд/сст/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов

Остани поврзан