• среда, 27 ноември 2024

Општина Македонска Каменица со издавање лиценци ќе го решава проблемот со дивите такси превозници

Општина Македонска Каменица со издавање лиценци ќе го решава проблемот со дивите такси превозници

Македонска Каменица, 10 јули 2023 (МИА) - Со издавање лиценци на заинтересирани такси превозници во Општина Македонска Каменица ќе се решава проблемот со дивите превозници. За таа цел, како што информираа од Општината, веќе е издадена првата лиценца на такси компанија со што очекуваат да се намалат проблемите на оние граѓани на општина Македонска Каменица кои имаат потреба до останатите градови во државата, но и локално.

-Минатата недела градоначалникот на општина Македонска Каменица ја издаде првата важечка лиценца за авто такси превозник од Македонска Каменица. Со регистрацијата на на првата такси компанија која засега располага со само едно пријавено возило за вршење на такси превоз на патници сакаме да ги поттикнеме и останатите „диви“ превозници да го сторат истото и да обезбедат навремен и безбеден превоз на патници, истакнаа од Општина Македонска Каменица.

Покрај издавањето лиценци општината како што информираа оттаму, ќе работи и на подобрување на услугите за самите превозници.

-Граѓаните досега се справуваа со голем проблем заради тоа што немаме превозник кој одржува редовна линија која минува низ Македонска Каменица, а ниту пак имавме регистрирано такси превозници коои би можеле да помогнат во решавање на овој проблем. Затоа очекуваме дека на ваков начин дел од тие проблеми ќе се решат, додадоа од Општината. 

Со плаќање на таксите за лиценца како и за одржувањето на такси стојалишта во градот, како што напоменаа заинтересираните субјекти директно ќе ја помогнат Општината која во иднина ќе ги потпомага такси превозниците со тоа што ќе им ги одбележува, проширува и одржува такси стојалиштата. вс/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан