• сабота, 23 ноември 2024

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за доделување финансиска помош на спортските клубови и здруженија

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за доделување финансиска помош на спортските клубови и здруженија

Македонска Каменица, 16 јануари 2024 (МИА) -  Општина Македонска Каменица застапувана од градоначалникот Димчо Атанасовски објави јавен повик до сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, за доставување барање за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2024 година. 

Јавниот повик се однесува за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица.

-Сите заинтересирани правни субјекти од кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават барање до Општина Македонска Каменица. Со барањето Спортските клубови и спортски здруженија, кои сакаат да се пријават на јавниот повик повеќе детали може да добијат на опптинската веб-страница, се вели во објавата од Општината.

Рокот за пријавување изнесува седум дена од денот на објавата на повикот.

-Пријавата и документацијата се доставуваат во затворен плик со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот". Пријавата се доставува во еден примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на пријавениот, додадоа од општината. 

Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица  opstina@makedonskakamenica.gov.mk со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот". 

Јавниот повик е распишан врз основа на програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани. вс/дма/

 

 

Остани поврзан