• вторник, 12 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше му врачи благодарница на вицепремиерот Битиќи за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње

Општина Маврово и Ростуше му врачи благодарница на вицепремиерот Битиќи за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње

Дебар, 4 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, по повод 4 Мај, Денот на Општината, му врачи благодарница на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, за неговиот придонес во изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата.

На свеченоста, градоначалникот Куртовски му се заблагодари на вицепремиерот Битиќи за помошта за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње, но и на Владата на Северна Македонија за реализација на разните инфраструктурни проекти во нивната општина.

Во неговото обраќање пред присутните жители на Општина Маврово и Ростуше, вицепремиерот Битиќи се заблагодари за доделените благодарница и за добрите зборови, но подвлече дека е негова должност како вицепремиер да работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

- Се чувствувам почестен, но ова е наша должност како Влада да го подобриме квалитетот на живот на сите наши граѓани, како што е примерот со финансирањето на изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата, рече пред присутните Битиќи.

Вицепремиерот посочи дека освен во Маврово-Ростуше, преку ТАВ програмата се работи на инфраструктурни проекти и во други општини.

- И не само во општина Маврово-Ростуше, низ целата држава градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека во предвидените рокови се реализирани 70 проценти од започнатите проекти од ТАВ програмата, или завршени се 56 проекти во 56 општини и дека во моментов се работи на 25 други проекти кои се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината со кои Владата ја јакне локалната инфраструктура што значи дека нашите сограѓани добиваат квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот.

Општина Маврово и Ростуше одбележа 18 години од формирањето, а за постигнати резултати во развојот на општината пред голем број присутни зборуваше градоначалникот Куртовски.

На свеченоста одржана во спортската сала „Македонија" следуваше и богата културно уметничка програма. вт/цр

Фото:МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан