• среда, 27 ноември 2024

Општина Куманово почна со изработка на „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово“

Општина Куманово почна со изработка на „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово“

Куманово, 3 јуни 2024 (МИА) - Општина Куманово почна со изработка на „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово, соопштија денеска надлежните од Секторот за животна средина. Се изработува програмата за активности од областа на животната средина и природата за тековната година која ја изработи Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата, а ја усвои Совет на Општина Куманово кон крајот на февруари, годинава.

- Проектот „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово со акциски план“ е инициран од страна на општина Куманово, поради законска обврска од Законот за води, но и поради големата ерозивност на подрачјето на општината, што има бројни негативни природни и социоекономски последици. Правна основа за Студијата е Законот за вода. Резултат на студијата треба да биде прецизно изработена карта на ерозија со издвоени ерозивни подрачја, карта на порои и подрачја со потенцијални свлечишта на територијата на општина Куманово. Треба да се дефинира јасен акциски план со мерки за справување со ерозијата, особено во ерозивните подрачја, како и нивен третман со цел намалување на потенцијални ризици и штети, изјави советникот за заштита и спречување на загадување на вода, земјиште и заштита на природата, Александра Георгиевска Протиќ.

Општината ќе го достави стратешкиот документ до Министерство за животна средина, просторно планирање и откако ќе биде одобрен, повторно треба да биде усвоен од Советот, по што може и да се применува.

Од картата на ерозија, идентификувани и извлечени се сите области со силна и многу силна ерозија, прва и втора категорија на ерозија, според интензитетот/потенцијалот на ерозија, која се однесува на области штетни за населби, за инфраструктура, третата се однесува на области штетни за земјоделско земјиште и четвртата за области кои произведуваат значителна количина на ерозивен материјал и нанос/седименти кои доаѓаат директно до коритата на водотеците и се штетни за водниот екосистем.

Во нацрт Студијата наведени се следниве жаришни точки од аспект на блискост до населено место и според површина која зафаќа се Студена Бара, Четирце, Карабичане, Сопот и Сушево, Бељаковце, Мургаш, Пезово, Кокошиње, Кучкарево, Габреш. Потврдени се и Пчиња, Орашац, кај селта Биљановце и Проевце.

- Општината треба се спроведат мерки кои се однесуваат на обезбедување услови т.е. правни, институционални улоги и инструменти за управување, кои ќе бидат основа за различните т.н. технички мерки пошумување на голини во регионот, забрана на чиста сеча на шуми, забрани за активности кои влијаат на текот во поројно корито – фрлање разни материјали, забрана на масовна урбанизација-подигање населби, обука на земјоделците за примена на добри земјоделски практики поврзани со контрола на ерозијата и други. Паралелно со ова и како што се воспоставуваат законските и регулаторните рамки и се развиваат организациските структури и институционалниот капацитет, толку повеќе технички мерки ќе се спроведуваат во структуриран процес, изјави Георгиевска Протиќ.

Во нацрт Студија за граници на ерозивни подрачја на општина Куманово која е објавена на општинската веб страна точно се наведени мерките во рамките на акцискиот план кои се утврдени врз основа на идентификуваните недостатоци, дефинираните актуелни и потенцијални подрачја на ризик од ерозија законски барања во различни закони, вообичаена практика за контрола на ерозијата и пороите, како и длабоки анализи направени за ситуацијата на терен. ам/дма/


Фото: МИА и социјални мрежи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан