• четврток, 26 декември 2024

Општина Куманово избра две компании за реконструкција и санирање оштетени јавни површини и тротоари со бекатон-плочки

Општина Куманово избра две компании за реконструкција и санирање оштетени јавни површини и тротоари со бекатон-плочки
Куманово, 30 јуни 2022 (МИА) - Куманово избра две компании за реконструкција и санирање оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон-плочки на територија на општина Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки. На тендерот се пријавиле пет компании, а избрани се две кои ќе ги санираат оштетените површини во две зони од градот, источна и западна. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон-плочки се одвоени 16.453.878 денари.
Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, за реконструкција и санирање оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон-плочки за западната страна на Куманово е избрана компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др.“ од Липково. Општината од буџетот одвои осум милиони и 260 илјади денари.
Додека за источната зона од градот за реконструкција и санирање оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон-плочки е избрана скопската компанија „Билд инг“. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари. ам/фф/

Остани поврзан