• четврток, 26 декември 2024

Општина Крива Паланка ќе ангажира 20 невработени лица

Општина Крива Паланка ќе ангажира 20 невработени лица

Крива Паланка, 18 август 2023 (МИА) - Општината Крива Паланка ќе ангажира 20 невработени лица - активни баратели на работа во рамки на Програмата за вршење јавни работи на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за спроведување на мерката 6.2 финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од страна на општините.

-До понеделник трае рокот за аплицирање за програмата за работно ангажирање на 20 невработени лица со ниски квалификации за вршење јавни работи од особен општ интерес: од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина. Преку оваа Програма за работно ангажирање на извршување на јавни работи од една страна  се помага на социјално ранливи групи на лица, подобрување на месечниот семеен буџет, социјализација на истите, промовирање на невработените на пазарот на трудот, а од друга страна пралелно и се спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Временскиот период за ангажирање на невработени лица изнесува 22 работни дена односно еден месец. 
За време на ангажманот корисниците на минимална парична помош нема да го изгубат правото на користење социјална помош. Пријавувањето започна денес, а ќе трае до 21 август 2023. Заинтересираните лица  можат да се информират и  пријават  кај определеното лице  за јавни работи  на  контакт  тел. 075 236 557 или во Агенцијата за вработување - Крива Паланка. ид/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан