• понеделник, 29 јули 2024

Општина Крива Паланка на високо трето место по транспарентност според Здружението за истражувања и анализи

Општина Крива Паланка на високо трето место по транспарентност според Здружението за истражувања и анализи

Крива Паланка, 13 ноември 2023 (МИА) - Општина Крива Паланка е треторангирана по транспарентност од општините во државата, по Битола и Валандово, согласно извештајот од најновата анализа на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) што трета година ја мери транспарентноста на општините преку Индекс за отворени општини (ИОО).

- Високо рангирани по транспарентност, трети во државата како општина по отвореност, отчетност, вклученост и правичност на општинскиот буџет. Општина Крива Паланка е оценета со 75.0 индексни поени, што јасно покажува дека сме на вистинскиот пат за постигнување на целта - отчетно и транспарентно работење во служба на граѓаните. Согласно анализираните параметри во извештајот, приоритет во наредниот период остануваат заложбите за постигнување сепофатно ниво на отвореност, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Во групата општини со задоволително ниво отвореност има осум општини во кои спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, Општина Центар – 66.2, по нив: Струмица и Берово.

Акцентот на процесите на локалниот буџет во анализата е претставен преку три области: транспарентност, вклучување и правичност и отчетност.

Целта на извештајот е да ја прикаже состојбата на отвореност на општинит во Република Северна Македонија, за 2022 година, преку ИОО. Резултатите покажуваат дека просечната вредност на ИОО за 2022 година е 35,2. Од друга страна, поставените стандарди за отвореност покажуваат дека, општините мора да имаат индекс најмалку 61 за да имаат задоволително ниво на отвореност.

Извештајот покажува и дека 13 локални единици имаат доволна отвореност на буџетскиот процес, а најголем број општини, 49, имаат минимална отвореност на буџетскиот процес. Недоволно ниво на отвореност имаат дури 11 општини.Сето ова посочува дека најголемиот дел од општините имаат минимална отвореност на општинските буџети кон граѓаните во 2022, се вели во истражувањето на ЗМАИ. ид/цр

Фото: МИА 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан