• недела, 10 ноември 2024

Општина Кочани потпиша партнерски договор со градот Лајонс во Илиноис, САД

Општина Кочани потпиша партнерски договор со градот Лајонс во Илиноис, САД

Кочани, 24 јули 2024 (МИА) – Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и Кристофер Гети, градоначалник на градот Лајонс, во државата Илиноис во Соединеттите Американски Држави, денеска потпишаа договор за партнерство на двете локални заедници.

На средбата на градоначалниците било истакнато дека договорот претставува официјална потврда, признание за силните врски на пријателство, културната размена и заемната поддршка воспоставени помеѓу двете локални заедници. Едновремено, партнерството ја симболизира и посветеноста за поттикнување на меѓународнотo разбирање и соработка.

Градоначалникот Гети ќе ја искористи посетата на Кочани да се запознае со потенцијалите за развој и можностите за конкретна соработка на стопански и културен план. Соработката со американската локална заедница Лајонс, којашто се наоѓа во непосредна близина на Чикаго, е по иницијатива на кочански иселеници во САД. 

Општина Кочани досега има потпишано договори за соработка и збратимување со десетина други градови од балканските и европските држави, а ова e прв официјален документ за воспоставување соработка со град од друг континент. та/сст/

фото Општина Кочани

 

Остани поврзан