• среда, 13 ноември 2024

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Во периодот од 19-ти до 30 септември Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од граѓаните. Претходно, една недела пред почетокот на собирањето на отпадот заинтересираните граѓани треба да се јават во општината и да закажат термин за бесплатно собирање на кабастиот отпад. 

-Општина Кисела Вода ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на својата територија. Со оглед на фактот што одложување на кабастиот отпад на несоодветни локации претставува проблем за домаќинствата, ве информираме дека во период од 19-ти до 30 септември 2022 година преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода, информираат од Општина Кисела Вода.

Оттаму нагласуваат дека секој жител на општината една седмица претходно, во периодот од 12-ти до 19 септември ќе може да закаже термин за бесплатно подигнување на кабастот отпад, на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

-Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад се должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација, со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период, се вели во соопштението од Општината.

Во него Општината упатува апел за одговорно однесување на секој поединец со кое се придонесува за зачувување на чистотата и животната средина, што, како што вели, е наша заедничка цел. сст/ац/

Остани поврзан