• петок, 27 декември 2024

Општина Кисела Вода изрекува опомени на сопствениците на хаварисани возила

Општина Кисела Вода изрекува опомени на сопствениците на хаварисани возила
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода во соработка со полицијата и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска започна акција за изрекување опомени на сопствениците на хаварисани возила. - Во текот на овие две седмици имателите на хаварисани возила, со летоци оставени на возилата, ќе бидат потсетени дека е нивна законска обврска да ги отстранат во рок од 15 дена. Иако целта не е да се казнува, сепак, на оние кои ќе ја игнорираат опомената, ќе им биде изречена глоба во мандатна постапка дефинирана со член 63 и член 19 во Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, а хаварисаното возило, на нивна сметка ќе биде пренесено во депото на пајак службата, информираат од Општината. Од Општина Кисела Вода велат дека кампањата веќе дава резултати и уште денеска, дел од овие возила биле отстранети од нивните сопственици. Паралелно со оваа акција, службите на Полициската станица Кисела Вода и РСБСП – Скопје, на погрешно паркираните возила им оставија опомени што доколку не се почитуваат, потоа ќе значат преземање на мерки и парични казни во износ од 45 евра. ки/дма/

Остани поврзан