• петок, 27 декември 2024

Општина Кисела Вода: Граѓаните сами да ги отстранат своите хаварисани возила или тоа ќе го стори пајак службата на нивна сметка

Општина Кисела Вода: Граѓаните сами да ги отстранат своите хаварисани возила или тоа ќе го стори пајак службата на нивна сметка
Скопје 10 март 2022 (МИА) - Општина Кисела Вода соопшти дека почнувајќи од следниот вторник (15 март) ќе започне акција за опоменување на сопствениците на хаварисани возила за нивното отстранување, поради попречување на одвивањето на сообраќајот и загрозување на човечката околина. Акцијата за опомонеување ќе биде во соработка со ПСОН – Кисела Вода и РСБСП -  Скопје.

- Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30. 03. 2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото. Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, се вели во соопштението. сх/сп/

Остани поврзан