Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
- Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор.
Скопје, 17 јануари 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор.
Досега се заменети над 2 400 светилки во населбите Пржино и Црниче.

- Со новите ЛЕД светилки осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност, се наведува во соопштението.
Реализацијата на овој проект, кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода. мд/аа/
Фото: Општина Кисела Вода