• четврток, 12 февруари 2026

Општина Кисела Вода: Активиран кризен штаб, континуирано се чисти снегот

Општина Кисела Вода: Активиран кризен штаб, континуирано се чисти снегот

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - По снежните врнежи што го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Активиран е кризниот штаб на Општината, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови, соопштија денеска од локалната самоуправа.

- Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки, каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментот активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки. Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби што би можеле да ги отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање - потенцираа од локалната самоуправа.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата.

- За пријавување проблеми поврзани со снег, замрзнати улици или отежнат пристап, граѓаните може да се обратат на следните телефонски броеви: Димитар - +389 72 443 500, Дарко - +389 78 383 746 - информираа од Општина Кисела Вода. бд/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан