• среда, 25 декември 2024

Општина Карпош ја промовираше услугата за посебен превоз на стари, болни и лица со попреченост

Општина Карпош ја промовираше услугата за посебен превоз на стари, болни и лица со попреченост

Скопје, 11 јули 2024 

Согласно Програмата на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје кон средината на месец мај годинава, започна со реализација на услугата за посебен превоз на стари, болни и лица со попреченост над 18 години.

Станува збор за меѓуинституционална соработка која треба да им го олесни секојдневниот живот на оваа ранлива група на граѓани, за чија намена Општина Карпош од својот Буџет издвои парични средства во висина од 655.000 денари.

За таа цел, на располагање се ставени посебно опремени наменски возила во придружба со адекватен обучен кадар, кој е стручно подготвен да им помогне на изнемоштените лица. До сега во рамки на оваа активност се реализирани околу 50
превози, во кои се транспортирани лицата кои не се во можност самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална или друга административна услуга.

Поточно, корисници на оваа услуга се старите и изнемоштени лица, лицата кои имаат потешкотии при самостојно движење, како и лицата кои имаат потреба од придружник, односно негувател или пак, личен асистент.

 По тој повод денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својот кабинет одржа работна средба со претставници од општинската администрација и Црвениот Крст на Град Скопје, кои во оваа пригода го запознаа првиот човек на локалната самоуправа за досегашниот тек на преземените активности.

Општина Карпош секогаш имала разбирање за потребите на Црвениот Крст на Град Скопје и Република Македонија, за што говори и досегашната одлична соработка со оваа институција. Ми претставува особено задоволство што сме
дел од овој прекрасен проект, што е од особено значење за граѓаните кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба како и за лицата со попреченост. Со планираниот ребаланс на општинскиот буџет ќе овозможиме дополнителни финансиски средства за поддршка на овој заеднички проект и веќе наредната година ќе се потрудиме дневно да обезбедиме четири до шест транспортирања на жители од Општина Карпош што би ги задоволиле потребите, првенствено на старите тешко повредените и болните лица. Локалната самоуправа и понатаму ќе ја поддржува оваа услуга за која лично сметам дека е одлична иницијатива и добар пример за една успешна меѓуинституционална соработка , посочи Јакимовски.

Искрена благодарност и задоволство од заедничката соработка изрази и Секретарот на Црвениот Крст на Град Скопје, Сузана Тулева Пауновска: - Со помош на финансиските средства кои ги обезбеди Општина Карпош од
својот буџет, нашата организација ќе биде во можност да реализира околу четиристотини транспорти на лицата од оваа категорија до крајот на годината. Се надевам дека наредната година заедно со градоначалникот Јакимовски, ќе ја спроведеме следната фаза од проектот која значи унапредување на овој сервис и воведување на „итното копче“ на територијата на општина Карпош. Во моментов, локалната самоуправа и Црвениот крст се пионери во поглед на
реализација на услугата ,,нега во домот”, бидејќи за прв пат почнавме да ги работиме овие сервиси токму на територијата на Карпош. Имено, оваа општина е првата институција која ја подаде раката за да овие сервиси добијат на некој начин одржливост и многу е важно дека овој позитивен пример го следат и другите општини – истакна Тулева Пауновска.

Инаку, услугата се реализира со мало наменско возило како и големо наменско возило, кое е прилагодено за тренспорт на лица во лежечка положба. Во случајов, лицата кои управуваат со овие возила треба да поседуваат сертификат за обука за прва помош или пак, сертификат за негуватели. Исто така, при транспортот на ранливата група на граѓани може да присуствуваат и други лица, односно спасители при итен случај, лица обучени за укажување на прва помош, како и други обучени и сертифицирани придружници. 

 

Општина Карпош 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан