• четврток, 26 декември 2024

Општина Карпош: Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Општина Карпош: Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Скопје, 9 февруари 2024

Со вкупно 3.000.000 денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош започна акција за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Во постапката за поставување на нови лифтови, Заедницата на сопственици е должна да ја обезбеди целокупната потребна документација согласно позитивните законски прописи (проекти, одобренија).

Во таа насока, Општината доделува субвенции во висина (најмногу) до 50%, но не повеќе од 500.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санацијата на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт. Право на учество на јавниот повик имаат сите (жители на Карпош) кои се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице - Управител (УСЗ) , согласно Законот за домување.

И во овој случај, субвенциите ќе се доделуваат (во согласност со целосно комплетираната документација) според принципот „прв дојден – прв услужен“, сѐ до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена.

Потенцијалните корисници на субвенции треба да ги исполнат определените услови и критериуми, за учество на Јавниот повик кој го распиша Општината, или поточно:

· Станбените згради за колективно домување да бидат постари од 25 години.

· Заедницата на сопственици/Управителот на станбените згради да има донесено Одлука од сопствениците на станбените единици дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и/или санација на постоечкиот лифт и/или поставување нов лифт и дека сопствениците на посебните делови се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и/или санација на постоечки лифт и/или поставување нов лифт, (во прилог кон одлуката да достават список со потписи од 50% плус 1 (еден) сопственик).

· Имотен лист со кој се докажува сопственоста ( не постар од 6 (шест) месеци)

Појаснување: Потребно е да се достави имотен лист за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите. Имотните листови да се достават во оригинал или нотарски заверена копија (за 50% плус 1 (еден) сопственик).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ/ПРИЈАВУВАЊЕ:

· Пополнета Апликација - образец, потпишан/а од претседателот на заедница на сопственици или управителот.

· Изјава за старост на колективниот станбен објект, дадена и потпишана од овластено лице за застапување или достава на купопродажен договор за стан (доволен е купопродажен договор на еден од сопствениците).

· Решение од Централен регистар за Заедници на сопственици или Договор со Управители.

· Доказ за сопственост (имотен/и лист/ови не постари од шест месеци од 50% плус 1 сопственик).

· Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и/или санација на постоечкиот лифт и/или поставување на нов лифт и дека се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и/или санација на постоечки лифт и/или поставување на нов лифт.

· Решение за градба од органот доколку се работи за поставување нов лифт.

· Договор со Изведувач во оригинал или нотарски заверена копија

· Договор со Надзор во оригинал или нотарски заверена копија

· Конечна Фактура што ке кореспондира со приложениот договор.

· Технички Извештај со овластен сертификат.

Напомена: Одлуките се сметаат за усвоени, доколку истите своерачно ги потпишале 50% плус еден сопственик од вкупниот број на сопственици на посебни делови на колективен станбен објект. Притоа, одлуките се доставуваат во оригинален примерок или нотарски заверена копија и истите е потребно да бидат заверени со архивски број и потпишани од страна на овластено лице и печат.

НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ:

Апликациите за проектите „Финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради“ во Општина Карпош може да се подигнат во архивата на Општина Карпош или од официјалната веб страница на Општина Карпош (https://bit.ly/3SxwB0u).

Пријавите треба да се достават до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. Радика бр.9 ,1000 Скопје, или во архивата на Општина Карпош, со назнака:

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош.

Заинтересираните странки можат да добијат дополнителни информации на телефонските броеви: 071/350-388 или 076/299-175.

 

Одделение за односи со јавноста на Општина Карпош

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан