• петок, 27 декември 2024

Општина Кавадарци ќе одвои 35 милиони денари за рурален развој 

Општина Кавадарци ќе одвои 35 милиони денари за рурален развој 

Кавадарци, 28 септември 2023 (МИА) - Општина Кавадарци има насочено 35 милиони денари за рурален развој, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, нагласувајќи дека овој крај располага со богато природно богатство, што е огромен потенцијал за развој на туризмот. 

- Интензивно се работи во селските средини, како впрочем и во градските. Во Возарци почна изградба на спортска сала, атмосферска канализација, канализациона мрежа и комплетно асфалтирање на улици. Во Дреново се работи на фудбалското игралиште, претходно патот го завршивме, таму работиме и на една улица и на објект за детска градинка, појасни Јанчев. 

На објект за градинка се работело и во Сопот, а имало и активен тендер за изградба на спортска сала. Тендерот бил завршен за спортска сала во Марена. 

Јанчев се осврна и на проекти во други села, оние во Бошавијата и други селски средини. свд/цр

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан