• петок, 27 декември 2024

Општина Илинден ќе продолжи со „Градежната офанзива“ и во текот на летото

Општина Илинден ќе продолжи со „Градежната офанзива“ и во текот на летото
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Продолжуваат активностите во рамки на акцијата „Градежна офанзива" во чии рамки летово ќе се изврши реконструкција на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општината, соопшти Општина Илинден. -Во Марино заврши целосната реконструкција на улица 412, која е со вкупна должина од 130 метри. Aсфалтиран е и пристапниот пат до гробиштата во Дељадровци, во вкупна должина од 120 метри, се вели во соопштението. Од општината велат дека за време на реконструкцијата на улиците увид во градежните работи извршил и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.сх/

Остани поврзан