• четврток, 26 декември 2024

Општина Илинден прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

Општина Илинден прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва. Анализите се реализирани на 20 различни локации во сите населени места во општината, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје, а целта е унапредување на земјоделството. -Земјоделците се наш приоритет во работата. Целта на ова испитување е да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат во нашата општина. Користа е повеќенаменска: правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите, наведува Општината. Земјоделците имаа и средба со градоначалникот Александар Георгиевски и со професорот Миле Маркоски од ФЗНХ. -Георгиевски изрази задоволство од интересот на земјоделците кои се вклучија во акцијата и додаде дека Општина Илинден е посветена во унапредување на земјоделството. Воедно истакна дека соработката со стручни лица од ФЗНХ и земјоделците ќе продолжи со други активности и проекти кон унапредување на земјоделството. Земјоделците, пак, на состанокот со Маркоски беа детално информирани за резултатите од агрохемиската анализа на почвата и за начинот на обработка на земјиштето за натамошно подобрување на квалитетот на производите и зголемување реколтите, соопшти Општина Илинден. мч/ац/

Остани поврзан