• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Илинден почна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден

Општина Илинден почна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден

Скопје, 10 април 2025 

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри.

Овој нов тротоар ќе обезбеди побезбедно движење на пешаците, што е значајно за сите жители на општината. Изградбата на пешачката патека е дел од поширокиот проект за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура, кој има за цел да го подигне квалитетот на животот на граѓаните и да ја осигура безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Општина Илинден продолжува со реализацијата на тековните проекти и започнување нови, со цел да се обезбедат модерни и квалитетни услови за живеење во сите населени места на општината.

 

Општина Илинден

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Општина Илинден 

 

 

 

Остани поврзан