• среда, 27 ноември 2024

Општина Илинден: Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри каналска мрежа

Општина Илинден: Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри каналска мрежа
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека од почетокот на годинава исчистени се 4.000 метри каналска мрежа и оти е во тек чистење на уште 2.600 метри во две останати локации во општината. -Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во рамки на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа на територија на Општина Илинден за 2022 година и Годишната програма на општината, во координација со АД Водостопанство-Скопско поле Скопје, ЈКП „Илинден” и граѓаните од почетокот на годината досега исчистени се околу 4.000 метри отворени одводни канали, се вели во соопштението од општинската прес-служба. Според информациите од општината, во н.м Кадино е извршено машинско чистење на канал Шамак во должина од 1200 метри, а на барање на граѓаните на ул. „6“ машински се исчистени канали ендеци во должина од 350 метри и сисавци на канал Шамак во должина од 300 метри. - Во должина од 350 метри машински целосно е исчистен каналот од ул. „532“ кон сисавец на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, а во кординација со ЈКП „Илинден“ на ул. „500“ во н.м Марино е извршено рачно чистење на канал ендек во должина од 300 метри, велат од Општина Илинден. Исто така информираат дека во тек е чистењето на сисавци на канал Азмак во н.м Кадино, при што од предвидените 1000 метри исчистени се 350 метри, како и на главниот канал во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 1100 метри, од вкупно предвидените 1600 метри. Водениот надомест за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните како корисници на овие објекти од јавен интерес го плаќа општината, така што за оваа намена од општинскиот буџет за 2022 година издвоени се 4.205.520 денари.сх/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан