Општина Илинден објави повик за субвенции за велосипеди
- Општина Илинден објави повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Општина Илинден објави повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Мерката предвидува еднократна парична помош за жителите со постојано место на живеење на територијата на општината, кои ќе набават нов велосипед во периодот од 2 март до 30 април 2026 година.
Општината финансиски ќе поддржи 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице.
-Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување. Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштита на животната средина, соопшти Општина Илинден.
Дополнителни информации се достапни на веб-страницата ilinden@ilinden.gov.mk, а може да се добијат и во Општина Илинден. хс/вј/
Фото: МИА архива