• четврток, 19 декември 2024

Општина Илинден дел од проектот „Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица"

Општина Илинден дел од проектот „Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Општина Илинден соопшти дека станува дел од европскиот проект „Зелени микро акредитиви: Долгорочна надградба и зајакнување на вештините на нискоквалификувани возрасни лица". Проектот е дел од програмата Еразмус, а почна да се спроведува од денеска, при што се одржа првата меѓународна средба на која присуствуваше и градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски.

-Проектот „Green Micro Credentials“ ќе обезбеди патишта за надградба на нискоквалификувани возрасни лица за да добијат еднаков пристап до пазарот на труд и ќе поддржи праведна транзиција кон економијата со ниска јаглеродна енергија. Проектот ќе развие флексибилен и инклузивен пристап за учење и настава за поддршка на возрасните ученици со ниска вештина со цел да стекнат работни релевантни вештини за зелената елокономија, соопштија од Општината.

Проектот ќе се имплементира од страна на 15 организации и институции во шест различни земји од Европа.

-Со цел поголема афирмација на општината преку промоција на нашите позитивни вредности во меѓународни рамки и европски практики, но исто така и пристапот на размена на искуства преку продолжување и проширување на соработката со општини и организации од европските земји, можеме да ја приближиме Општина Илинден до европскиот животен стандард, а со тоа и да го подобриме и Локалниот економски развој, истакна градоначалникот Георгиевски.бт/са/

 

Остани поврзан