• среда, 27 ноември 2024

Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за 2025 година

Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за 2025 година

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - И оваа година Општина Илинден ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 12.11.2024 година до 29 ноември 2024 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2025 година.

Како што соопштија од Општината, врвен приоритет е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

- Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината. Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт, се вели во сооптшението.

Општина Илинден ги повикува и охрабрува сите граѓани предлозите преку пополнување на анкетен лист да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk или директно во архивата на општината секој работен ден до 29.11.2024 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните одделенија, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан