• четврток, 12 февруари 2026

Општина Зрновци стартуваше со градежните активности за 2026 година

Општина Зрновци стартуваше со градежните активности за 2026 година

 Кочани, 11 февруари 2026 (МИА) - Почнуваат градежни работи за реконструкција и изградба на локалниот пат Оризни гумна – Друмот село Видовиште.

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев вели дека со реализацијата на проектот ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната поврзаност.

Истовремено, тој им се обрати на граѓаните за трпение и внимателно движење за време на изведбата на работите. ис/дма/

фото: МИА
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан