• недела, 22 декември 2024

Општина Дојран со средства од Министерството за култура ќе го реконструира Домот на културата во село Фурка

Општина Дојран со средства од Министерството за култура ќе го реконструира Домот на културата во село Фурка

Дојран, 2 февруари 2024 (МИА) - Општина Дојран со средства од Министерството за култура ќе го реконструира и адаптира Домот на културата во селото Фурка.Веста на неговиот фејсбук профил ја објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, по вчерашното потпишување на договорот со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Според Ангов, Општина Дојран аплицирала на огласот објавен од Министерството за култура преку Програмата за капитални дотации за инвестициони проекти од областа на културата и била избрана меѓу единаесетте проекти од оваа програма.

-Проектот опфаќа повеќе фази-фаза на отстранување, санација и адаптација на дел од објектот како младински културен центар, како и целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот околу објектот со дополнителни содржини, напиша градоначалникот на Дојран.

Ангов информира дека годинава со средства од општинскиот буџет ќе се изврши и внатрешна реконструкција на Домот на културата во Нов Дојран, односно продолжување на веќе започнатото, со што конечно, по долги години, Општината ќе добие нова и модерна сала за културни манифестации и настани рт/дма/

Фото: ФБ Анго Ангов

Остани поврзан