• четврток, 26 декември 2024

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Скопје, 26 март 2024 

Учениците од Општина Дојран ќе имаат можност да се стекнат со знаења за врсничко насилство преку работилници овозможени од „Макпетрол“. Како и во претходните 17 општини, со кои компанијата потпиша меморандуми за соработка, и во Дојран ќе се одржат едукативни средби предводени од психолог. Споделувајќи искуства здобиени преку практична работа на оваа тема, како и дополнителни образовни информации, психологот на учениците ќе им пренесе како да го препознаат булингот и како да постапат кога со него се соочуваат.

Со овие активности Општина Дојран стана дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“. За таа цел, Марија Јосифовска-Спасовска, членка на управниот одбор и директорка во компанијата и градоначалникот Анго Ангов, потпишаа меморандум за соработка.

Покрај Дојран, во првите три месеци од годинава во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се вклучија и Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. До крајот на 2023, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Работилници во дел од 18 општини веќе се одржаа, а во останатите или се во тек или ќе се одвиваат во периодот што следува. За секое училиште „Макпетрол“ обезбедува и едукативни материјали кои што, освен за учениците и за наставниците, се наменети и за стручните служби, но и за родителите. Преку нив, како и со едукативните средби, учесниците се запознаваат со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг.

Подетални информации за врсничкото насилство се содржани и на интернет-страницата kreniglas.mk. Како централен дел од кампањата, оваа платформа служи и за анонимно споделување лични искуства поврзани со врсничкото насилство.

„Макпетрол“, преку активностите што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“, исполнува една од своите најзначајни цели - општествената одговорност. Со работилниците, како и со останатите сегменти од кампањата, компанијата обезбедува развој на заедницата и овозможува поддршка на децата и на младите. „Макпетрол“ и понатаму ќе креира услови кои што на следните генерации ќе им овозможат да го реализираат својот талент и потенцијал.  

Општина Дојран

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Дојран 

Остани поврзан