• четврток, 12 февруари 2026

Општина Демир Хисар ќе формира локално Собрание на млади

Општина Демир Хисар ќе формира локално Собрание на млади

Демир Хисар, 12 февруари 2026 (МИА) - Општина Демир Хисар формира локално Собрание на млади, за чиј избор ќе одлучи иницијативен одбор составен од жители на Општина Демир Хисар, на возраст од 15 до 29 години.

За реализација на идејата, најнапред ќе биде формиран иницијативниот одбор за што општината објави јавен повик, потврдија од тамошната локална самоуправа.

-Мандатот на членовите на иницијативниот одбор ќе трае до одржување на конститутивното Локално Собрание на млади. Иницијативниот одбор во овој период има задача да овозможи поддршка на општината во креирањето или ревидирањето на актите и Одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на локалниот Младински Совет, соработка со општината при организација и одржување на конститутивното локално Собрание на млади. Во иницијативниот одбор ќе може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации или други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општината и сакаат да учествуваат во основањето на локалниот Младински Совет, информираа од Општина Демир Хисар.

Критериум за избор на кандидатите е да бидат жители на Општина Демир Хисар, да се на возраст од 15 до 19 години и да се способни за индивидуална и тимска работа.мт/

Фото: МИА

Остани поврзан