• четврток, 26 декември 2024

Општина Демир Хисар ја утврди оперативната викенд-програма

Општина Демир Хисар ја утврди оперативната викенд-програма

Демир Хисар, 10 април 2020 (МИА) - Општинскиот кризен штаб на Демир Хисар со кој раководи градоначалникот Марјанче Стојановски ја утврди оперативната програма, која викендов ќе се реализира за време на полицискиот час во таа општина.

Според програмата, утврдени се дежурен маркет, две дежурни аптеки, како и отворени телефонски броеви со помош и поддршка на населението.

- На граѓаните им препорачуваме да ги почитуваат мерките, а доколку имаат какви било прашања или потреби во периодот на забраната за движење да се јавуваат кај одговорното лице назначено од општинскиот кризен штаб Игор Дамјановски. Поддршка за семејствата кои од различни причини не можат да набават продукти ќе биде овозможена преку волонтерите од Црвен крст, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Во Општина Демир Хисар во моментов има 23 лица кои се во изолација и ниту еден заболен од Ковид-19.

Денеска и утре на подрачјето на општината ќе се врши миење и дезинфицирање улици, јавни површини и станбени згради во градот и населените места на Општина Демир Хисар. мт/бт/

Остани поврзан