Општина Демир Хисар се вклучи во дигиталната платформа „мЗаедница“
- Општина Демир Хисар се приклучи на семејството општини кои ја користат интерактивната дигитална платформа „мЗаедница“.

Демир Хисар, 1 април 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар се приклучи на семејството општини кои ја користат интерактивната дигитална платформа „мЗаедница“.
Од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар инфомираат дека дигиталната трансформација на општинските услуги е со цел да се подобри ефикасноста и да биде водечка општина во областа на транспарентност и отчетност.
-Платформата „мЗаедница“ се состои од мобилна и веб апликација за граѓаните и административен панел за општините и таа овозможува граѓаните и локалната власт да комуницираат директно и да придонесат заеднички за подобра општина. Мобилната и веб апликација „мЗаедница“ го промовира концептот на мобилно учество и им овозможува на корисниците преку користење на мобилнен телефон, таблет или комјутер да комуницираат директно со вработените во општинските сектори, да остваруваат права и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината. Мобилната апликација „мЗаедница“ се презема безплатно за корисниците на паметни телефони кои користат оперативни системи на Android и IOS, а веб апликацијата може да се корист на линк https://www.mZaednica.mk , нагласуваат од тамошната локална самоуправа.
Платформата „мЗаедница“ за граѓаните овозможува интерактивна двонасочна комуникација со општината, поднесување на пријави, проблем или предлог до општината, преглед на сите пријави од страна на граѓаните, поднесување на барање за субвенционирање и преглед на сите активни субвенции, како и други можности за секој корисник што ќе се регистрира на „мЗаедница“ во Општина Демир Хисар.мт/
Фото: МИА