• понеделник, 29 јули 2024

Општина Демир Капија ги објави добитниците на наградата и признанијата „7 Ноември“

Општина Демир Капија ги објави добитниците на наградата и признанијата „7 Ноември“

Демир Капија, 6 ноември 2023 (МИА) - Локална самоуправа Демир Капија вечерва ги објави добитниците на наградата и признанијата „7 Ноември“, што Општината ги доделува по повод Денот на ослободувањето на Демир Капија.  

- Наградата „7 Ноември“ за 2023 година се доделува на Димче Бањански за животно дело во областа на драмската уметност, соопштија од Општината. Оттаму додадоа дека се доделени и неколку признанија. 

- Никола Димитриев е добитник на признание заради достигнувања во областа на спортската дисциплина кајакарство. Агенција за млади и спорт, за успешно остварени активности и проекти за развој на спортот во Општина Демир Капија. КАЛТУН енержи ДОО Скопје заради придонесот во областа на спортот, со донацијата за изградба на објект за спорт и рекреација, информираа од Локалната самоуправа. 

Од Општината соопштија дека Министерство за транспорт и врски добива признание за успешно остварени активности и проекти за развој на Демир Капија. Пејачката група при КУД „Мирка Гинова“ за посебен придонес и афирмација на општината во земјата и надвор од неа во областа на културата. Биљана Николова заради придонесот во областа на здравствената заштита на локално ниво.

Наградите и признанијата ќе бидат врачени на свечената седница на Советот на Општината, што ќе се одржи утре во Демир Капија. свд/мд/

Фото: Совет на Општина Демир Капија 

Остани поврзан