Општина Дебрца почна со изградба на фекална канализација за селото Лешани
- Општина Дебрца почна со реализација на уште еден инфраструктурен објект, изградбата на фекална канализација во селото Лешани, со пречистителна станица во Грко Поле.
Охрид, 23 февруари 2023 (МИА) - Општина Дебрца почна со реализација на уште еден инфраструктурен објект, изградбата на фекална канализација во селото Лешани, со пречистителна станица во Грко Поле.
Во првата фаза од проектот е предвидена и изградба на сервисна улична мрежа со поврзување до локацијата на пречистителната станица.
Како што информираше градоначалникот, Зоран Ногачески, вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари,а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ што Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.
Изведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга, а подизведувач ГП „Победа“ од село Ботун. аб/аа/
фото/Општина Дебрца