Општина Дебрца достави Известување со намера за спроведување на Проектот за пренасочување на Сатеска во старото корито кон Црн Дрим
- Општина Дебрца достави Известување за намера за изведување на проектот проектот „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“ и утврдување на потребата од
Охрид, 15 ноември 2021 (МИА) – Општина Дебрца достави Известување за намера за изведување на проектот проектот „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“ и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Проектот предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот проток од 15 метри кубни вода во секунда во нејзиното природно корито што се влева во Црн Дрим, како и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
Односниот проект се однесува на потег во должина од околу осум километри низ Општина Дебрца и дел на територија на Општина Струга.
Реката Сатеска е еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Реката низ годините стана најголем виновник за дотур на суспендирани материи во езерото, најзначаен извор на вкупен фосфор, голем извор на вкупен азот. Наталожените количини на нанос во изминатите 60-тина години извршиле деструкција на живеалиштата од северниот дел на Охридското Езеро при што се доведува во прашање опстанокот на некои ендемични видови кои живееле или сè уште ги има тука. Наносите се таложат на четири до пет километри од брегот кон југ, а по влевањето се шири и по еден до 1.5 километри на обете страни од устието, се наведува во Известувањето за намера за спроведување на проектот.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.аб/фф/