• недела, 24 ноември 2024

Општина Дебрца го усвои буџетот проектиран на 173 милиони денари

Општина Дебрца го усвои буџетот проектиран на 173 милиони денари

Охрид, 28 декември 2023 (МИА) – Советот на Општина Дебрца на 28-та седница го донесе буџетот за 2024 година и годишните развојни програми на Општината за наредната година.

На изготвувањето на буџетот претходеше постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во насока на негово креирање.

Вкупниот буџет на Општина Дебрца за 2024 година е проектиран на ниво од 173 милиони денари од кој 72 милиони денари се предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти.

Основната цел на буџетот, како што појаснуваат од Општината, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на повеќе проекти кои се во насока на зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2024 година предвидена е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други. аб/бак/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан