• петок, 08 ноември 2024

Општина Дебрца го почна проектот за реконструкција на улиците во село Волино

Општина Дебрца го почна проектот за реконструкција на улиците во село Волино

Охрид, 28 септември 2023 (МИА) – Општина Дебрца почна со реализација на еден од најкапиталните инфраструктурни проекти, за реконструкција на улица во село Волино.

Проектот предвидува целосна реконструкција на улицата од центарот на селото до мостот на каналот на река Сатеска во правец кон селото Требеништа, од центарот до мостот во правец на село Мешеишта, сето во вкупна должина од 1394 метри, потоа реконструкција на плоштадот во селото и изградба на два паркинг простори.

Градежните зафати предвидуваат отстранување на постоечкиот асфалт, тампонирање и асфалтирање 8.600 метри квадратни, изградба на тротоари во должина од 1130 метри, поставување атмосферска канализација во должина од 475 метри, изградба на бетонски канал долг 248 метри, поставување оптички кабел, каблирање и поставување во земја нисконапонска електрична мрежа, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ново улично осветлување со вкупно 73 шестметарски и шест осумметарски столбови со лед светилки.

Вредноста на проектот изнесува околу 30 милиони денари и истиот е дел од Проектот за поврзување на локални патишта што се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски ,со финансиски средства - заем кој Владата го обезбеди од Светска банка, а врз основа на проект изготвен и аплициран од Општина Дебрца.

Во проектот со инвестиција од околу 3.5 милиони денари учествува ЕВН, која ќе изврши каблирање на нисконапонската мрежа и демонтирање на воздушната електрична мрежа и бандерите долж трасата, потоа Македонски Телеком кој ќе постави оптички кабел и Општина Дебрца со околу 680 илјади денари за изведба на новите индивидуални приклучоци на електричната мрежа. аб/дма/

Фото: Општина Дебрца

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан