• среда, 18 декември 2024

Општина Дебар почна со чистење на „косоврашко дере“ од натрупаниот материјал од ерозија

Општина Дебар почна со чистење на „косоврашко дере“ од натрупаниот материјал од ерозија

Дебар, 17 декември 2024 (МИА) – Општина Дебар почна со чистење од надојден материјал, на каскадите на косоврашкото дере (дол) во селото Долно Косоврасти, со цел да се осигури правилен проток и да се избегнат несакани состојби, присутни во изминатиот период.

-Долно Косоврасти неколку години беше загрозено од ерозивниот материјал кој пристигнува од планинскиот дел по обилни дождови. Како локална власт секогаш ги преземавме сите мерки за чистење на материјалот што го носеа надојдените води и се излеваа на патот од Долно Косоврасти кон бањскиот локалитет а беа опасност и по околните објекти, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

По увидот на работите, Дука, искажа задоволство од нивниот тек иако, според него, станува збор за тежок и обемен зафат, но нагласува дека задоволството е уште поголемо поради фактот што ќе биде надминат овој проблем за најмалку пет години а се тоа во интерес на жителите на ова село.

-Изработивме посебен проект со кој се предвидува целосно чистење на постојните каскади, кои спречуваат ерозивниот материјал да се излева на патиштата на селото, како и спречување на оштетување на куќите лоцирани во овој реон. Исто така предвидена е изградба на уште три нови каскади. За реализација на овој проект предвидени се над 1 милион денари, средства на општината, посочи Дука.

Но, додава тој, искрен да бидат, потребен е посебен план за надминување на проблемот, за што целосно сме ангажирани како локална власт. вт/дма/

 

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан