• сабота, 23 ноември 2024

Општина Градско ја отпочна втората фаза од Планот за решавање на проблемот со водоснабдување на населба Градско

Општина Градско ја отпочна втората фаза од Планот за решавање на проблемот со водоснабдување на населба Градско
Велес, 14 ноември 2020 (МИА) - Втората фаза опфаќа проект за подобрување на водоснабдувањето во населба Градско со изградба на два нови цевководи и бунари со кој ќе се обезбедат нови количини на вода и подобро функционирање на постоечкиот систем за водоснабдување, информира градоначалникот Роберт Бешовски, проектот е финансиран од Европска инвестициона банка, преку Министерството за транспорт и врски. Вредноста на реализацијата и изработката на техничката документација на оваа инвестиција ќе чини 220 илјади  евра. -Оваа фаза ќе опфати изградба на два нови цевководи, реконструкција на стариот резервоар од 150 м³ кој е вон употреба и негово спојување со новиот резервоар Р1 (во непосредна близина), спојување на двата резервоара Р1 (250м³) и Р2 (250м³) и поврзување на два бунари, информира Бешовски. Појаснува дека првиот цевковод ќе води од Резервоарот Р1- (Вардарски рид) и ќе води до село Уланци каде ќе се спои на мостот со постоечкиот бунар кај (Рибарската куќа). Бунарот ќе пумпа вода директно во резервоарот, село Уланци и Нова населба (палестина) ќе добиваат индиректно вода од Резервоарот Р1 бидејќи досега добиваат вода директно во мрежа со голем број аномалии. Вториот цевковод ќе ги спојува двата Резервоара Р1- (Вардарски рид) и Резервоар Р2- (Над бензиска пумпа) и ќе се спои на средина со новиот бунар за водоснабдување (во потег над старата патарина). Бешовски потсети дека  во првата фаза Општина Градско направи нов бунар кој е во функција за подобрување на водоснабдувањето на населба Градско (над Свињарската фарма). Појаснува дека  со оваа фаза воедно се подобри водоснабдувањето во село Долно Чичево со поврзување на резервоарот на цевководот од село Горно Чичево кон Градско. ад/

Остани поврзан