• четврток, 05 март 2026

Општина Градско ја заврши постапката за нови гробишта веднаш до старите

Општина Градско ја заврши постапката за нови гробишта веднаш до старите

Велес, 2 март 2026 (МИА) - Општина Градско успешно ја заврши постапката за оформување на нови парцели со намена Д 4.3 – гробишта (КП 352 и КП 533 КО Градско), кои се наоѓаат во непосредна близина на постојните гробишта.

Како што информира градоначалникот Киро Нацков, со ова, урбанистичката документација и експропријацијата се целосно комплетирани, а земјиштето е откупено од страна на Општината. Тој потенцира дека со тоа се создаваат услови за долгорочно и достоинствено решавање на ова важно прашање на жителите на Градско.

Воедно најави дека  наредниот период ќе следува постапка за доделување на трајно користење од страна на Владата, по што парцелите ќе бидат отстапени на ЈКП „Клепа“ од Градско за понатамошно управување.

Тој  најави дека јавноста ќе биде навреме информирана за сите следни чекори. ад/вг/

 

Фото Општина Градско 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан