• сабота, 27 јули 2024

Општина Гостивар се збратими со турската општина Кутахја

Општина Гостивар се збратими со турската општина Кутахја
Гостивар, 29 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денеска се сретна со градоначалникот на општина Кутахја од Република Турција Алим Ишик со цел збратимување на двете општините.
- Целта на средбата беше збратимување на општините, како и соработка со оваа општина со развиена индустрија во сферата на производството на стакло и порцелан, од каде што општина Гостивар ќе направи напори стопанствениците од таму да го донесат својот капитал и да инвестираат во Гостивар, соопшти Општина Гостивар.
Гостите од Турција биле примени од градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и вработените од неговиот кабинет. Тие посетиле повеќе места во Гостивар, како и местото каде врз основа на потпишаниот Меморандум, општина Кутахја ќе гради летно кино во Гостивар. Тоа, како што се наведува, е неопходен проект за развој на културата на граѓаните.-Соработката предвидува и одржување на заеднички средби, семинари, културно-спортски манифестации и меѓусебни посети најмалку еднаш годишно, се вели во соопштението од општина Гостивар. згм/мд/

Остани поврзан