• четврток, 26 декември 2024

Општина Гевгелија ќе аплицира со пет проекти за развој на урбани подрачја

Општина Гевгелија ќе аплицира со пет проекти за развој на урбани подрачја
Гевгелија, 27 април 2022 (МИА) - На јавниот повик распишан од Бирото за регионален развој, општина Гевгелија ќе учествува со пет проекти за развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој. Приоритет добија подрачјата со специфични развојни потреби, односно проектите за развој на неколку населени места во општината за чија реализација Советот донесе одлука да се издвојат 11,2 милиони денари од општинскиот буџет. Проектите предвидуваат изградба на пумпна станица и цевковод до постоечкиот резервоар во селото Ума, реконструкција на Mладинскиот дом во селоto Богородица, санација и реконструкција на училишниот објект во селоto Конско, поставување урбана опрема на детските игралишта во Негорци, Прдејци и Богородица, како и поставување на контејнери и канти за рециклирање отпад во Гевгелија. им/бак/

Остани поврзан