• недела, 24 ноември 2024

Општина Гевгелија првпат се промовираше на саемот за туризам во Белград

Општина Гевгелија првпат се промовираше на саемот за туризам во Белград
Гевгелија, 28 март 2022 (МИА) - Во соработка со повеќе туристички субјекти, Општина Гевгелија првпат побогато се претстави како туристичка дестинација на Меѓународниот саем за туризам, кој се одржа во српската престолнина Белград. Со пропагадни туристички материјали и флаери пред се биле промовирани бањскиот, планинкиот и казино туризмот, како и други алтернативни форми важни за развојот на туризмот во општината. Од општината посочија дека туристичкиот штанд бил посетен од многу луѓе кои биле пријатно изненадени од туристичката понуда на Гевгелија, изразувајќи при тоа интерес за посета на понудените туритички капацитети. - Верувам дека нашето претставување во Белград треба да биде заеднички поттик за сите чинители во иднина да работиме уште попосветено на промоцијата на општина Гевгелија како привлечна туристичка дестинација, рече градоначалникот Андон Сарамандов, кој своите заложби за јакнење на локалниот економски развој ги заснова токму на поголемата икористеност на компаративните предности за развој на туризмот во Општина Гевгелија. им/фф/

Остани поврзан