• среда, 27 ноември 2024

Општина Гевгелија издаде одобрение за изградба на пет ветерници кај Миравци

Општина Гевгелија издаде одобрение за изградба на пет ветерници кај Миравци
Гевгелија,15 октомври 2021(МИА) - Турската компанија „Калтун енерџи“, со седиште во Скопје ,доби одобрение од општина Гевгелија за изградба на пет ветерници кај Миравци, што се дел од проектот Ветерен парк „Дрен“, кој ќе има вкупно 10 ветерници. На ридест терен од 246 до 736 метри надморска височина, проектот предвидува поставување по пет ветерници на териториите на општините Гевгелија и Демир Капија со најсовремена енергетска технологија што ќе нуди брзо и догорочно елиминирање на штетните емисии во околната средина. - Проектот ќе даде придонес за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија,а инсталирањето на ветерниците ќе ја зголеми стабилноста и ќе го унапреди снабдувањето со електрична енергија, велат инвеститорите. Инвеститорот посочи дека веќе биле направени сите подготовки за реализација на проектот и дека по издаденото одобрување за градба од страна на општина Гевгелија извршиле уплата и на комуналниот надоместок. им/цр

Остани поврзан