• недела, 24 ноември 2024

Општина Гази Баба одбележа 45 години постоење

Општина Гази Баба одбележа 45 години постоење
Скопје, 4 ноември 2021 (МИА)Нов почеток за реализација на голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Општина Гази Баба. Ова синоќа го соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на свечена академија со која Општина Гази Баба одбележа 45 години од своето постоење.
Стефковски, како што соопшти денеска Општина Гази Баба, ги повика граѓаните и Советот да се обединат.
-Нашиот народот е поделен по сите основи. Имаме делби од етнички, верски и политички причини. Поделби на леви и десни. Доста е од поделби. Ги повикувам граѓаните на обединување. Ајде сите заедно да се обединиме за новиот почеток. За реализација на сите зацртани проекти. Повикувам на обединување и во составот на идниот Совет на Општина Гази Баба. Подавам рака на пријателство и соработка до секој еден советник, без разлика од која политичка партија доаѓа, истакна Стефковски. 
Дајте ги,како што рече, вашите програми, вашите предлози и проекти и ајде заедно да работиме.
-На граѓаните на Општина Гази Баба им е преку глава од политика, новиот почеток на кој повикувам значи обединување на сите за развој и напредок на нашата Гази Баба, порача Стефковски.
мд/са/

Остани поврзан