• недела, 06 октомври 2024

Општина Велес распиша ликовен и поетски конкурс за деца и млади до 18 години

Општина Велес распиша ликовен и поетски конкурс за деца и млади до 18 години

Велес,18 јули 2024 (МИА) - Во рамките на манифестацијата „Велешко лето“ 2024 Општина Велес во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ распиша ликовен и поетски конкурс на тема „Лето во Велес“. На конкурсот кој ќе трае до 15 август годинава, може да се пријават сите деца и млади на возраст до 18 години кои ќе бидат поделени во три различни категории.

Заинтересираните своите ликовни творби можат да ги достават по пошта на улица „Панко Брашнар“ бр.1 Велес со назнака „За ликовен  конкурс“, додека поетските творби можат да се достават преку е-маил на veleskoleto@veles.gov.mk со назнака „За поетски конкурс“.

Воедно сите учесници при испраќањето треба  да ги наведат и своите лични податоци: име, презиме, место, телефонски број и е-маил. ад/сст/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан